Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, организираат четврта и последна гала филмска вечер за оваа година со проекција на филмот „Повторно родена“. Филмот ќе биде прикажан в четврток, 14 декември 2023, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).

Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.

Филмот е дело на режисерот Седрик Клапиш, а во главните улоги играат Марион Барбо, Хофеш Шехтер, Дени Подалидес.

Што напишаа француските медиуми за филмот:

Седрик Клапиш прави грандиозно враќање во филмската индустрија, снимајќи ги телата во движење со уникатна флуидност: гледачот е понесен од животната сила на една млада жена која наоѓа храброст да си даде уште една шанса. (Le Journal du Dimanche)

Ова е еден од најдобрите филмови на овој режисер, визуелна уметност во секој кадар. (Franceinfo Culture)

Од овој филм се заминува со широка насмевка и ведрина во душата. (20 Minutes)

 Телото додека се движи, дури и да боли, значи живот – ова ни го доловува овој лесен филм за човештвото. (Télé 7 Jours)  

Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку следната мејл адреса: [email protected] (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.