Во среда, 10 јануари 2024 година, во Младинскиот Центар во Битола, во организација на YMCA.mk, со почеток во 17:30 часот ќе се одржи Филмска вечер.

На филмската вечер присутните ќе можат да погледнат филм во кој се прикажани разни случувања на млади луѓе за време на нивниот летен распуст. Некои од нив, наместо да ги остварат своите желби за време на распустот, мора да работат. Тоа ќе им овозможи да доживеат поинакви авантури во „Земјата на авантурата“. Дали тие ќе испаднат подобри од испланираните?

 

За време на проекцијата ќе биде присутен и младински работник. Повелете во нашиот простор за да се дружиме и разменуваме мислења кои допираат до идеалите на младите. Благодарни сме на Signs of Hope за поддршката на нашите активности за младинска работа и градење на капацитети на организацијата, се вели во објавата од организаторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.