Во КИЦ во Загреб, во рамките на филмската вечер посветена на македонската концептуална уметница Јана Луловска, беше претставен дел од творештвото на Луловска. Беа прикажани неколку нејзини експериментални филмови преку кои публиката директно се запозна со клучните елементи на нејзината специфична естетско-визуелна концепција.
Луловска е уметник во чија поетика се преплетуваат повеќе комуникациски и уметнички медиуми. Тие медуими, колку навидум да се слични, сепак имаат свој спечифичен јазик. Луловска го знае тоа и вешто го користи, со што создава еден впечатлив еклектички израз преку кој допира до нишките на нашето културно наследство, богатата традиција и, пред сè, до нашиот менталитет. Во нејзините филмови уметноста се сфаќа синкретички и таа, уметноста, се гледа како безграничен простор низ кој провејува слободата на мислата, создавањето и дејствувањето, рече директорката на Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, во воведното обраќање.
Воедно, во рамките на филмската вечер беше претставена и книгата „Градот и идентитетот“ од Елена Копртла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.