Филмови од 20 млади автори од регионот на Балканот и Европа ќе бидат прикажани на четвртото издание на Младинскиот филмски фестивал (МФФ) кое започнува вечер во Кинотеката под мотото „Реално е“.
-Дилемата дали филмовите ја рефлектираат реалноста е стара колку и самиот филм, а затоа годинешното издание го посветуваме (со доза иронија) на сѐ она за кое можеме да кажеме дека е реално и треба! По безброј бирократски препреки на кои веќе сме навикнати (но не и имуни), со задоволство го објавуваме визуелното решение за новото издание на Младински Филмски Фестивал 4 со слоганот „Реално е!“. Нашата кокошка е за првпат фотографирана и тоа баш онаква каква што навистина е: реална, со сите недостатоци и маани. Реално е дека ќе гледаме прекрасни филмови од 20 млади автори од Балканот и пошироко, кои ќе ни го отворат прозорецот кон нивниот светоглед и барем за момент ќе ни покажат детали од сѐ она што ја сочинува реалноста, наведуваат организаторите.
Тридневната програма на МФФ како единствен домашен фестивал посветен искучително за млади филмски автори, ќе се одвива на 30, 31 август и 1 септември на повеќе локации низ Скопје.
Повеќе информации за програмата на фестивалот може да се најдат на инстаграм профилот на МФФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.