Вечерва (26 ноември) во 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикажува филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец.
Во филмот играат: Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други. Камерата е на Владимир Самоиловски, дизајнер на продукцијата е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографијата е на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката е на Игор Василев-Новоградска.
Филмот „Убиј ги прво децата“ имаше светска премиера на 30. Филмски фестивал во Сараево, а беше прикажан и на затворањето на 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.