Филмот ,,Шеќерни луѓе’’, на режисерката Сузана Диневски е вклучен во престижната публикација на Паоло Казароли „Светска книга на кратки филмови“, која содржи над 4000 филмови што биле прикажани на различни меѓународни фестивали за краткометражни филмови, информира Агенцијата за филм.

Публикацијата на Казароли, кој е и основач на Cinebaloss, претставува една уникатна и ексклузивна колекција што ја слави уметноста на кратки филмови и го истакнува талентот и креативноста на одделните филмаџии.
Вклучувањето на краткометражниот филм ,,Шеќерни луѓе’’ во оваа глобална компилација е потврда дека филмот претставува достојно уметнично дело, но и потврда за креативноста и талентот на авторот на филмот, со што се признава придонесот на Диневски во светот на кинематографијата.
Книгата сега е достапна за продажба на Амазон, стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.