Најновиот филм на Ентони Хопкинс „Freud‘s Last Session“ со нетпрение се очекува поради тематиката и изборот на актерските имиња. Филмот е базиран на истоимената драма на Марко Ст. Жермен, во режија на Метју Браун, и двајцата го потпишаа сценариото. Во „Freud‘s Last Session“ играат и Лив Лиза Фрис и Џоди Балфор. Филмот во кината ќе може да го гледаме на 22 декември.
Од неодамна може да се погледне трејлерот на филмот во кој се појавуваат Ентони Хопкинс како Зигмунд Фројд и Метју Гуд како теологот К.С. Луис, а на снимката се гледа како познатиот невролог и психијатар, основачот на психоанализата и авторот разговараат за создавањето на Бога.
Дејствието се одвива за време на Втората светска војна, односно два дена откако Хитлер ја нападнал Полска. Додека германските бомби паѓаат врз Англија, Фројд, кој избегал од Виена поради нацистичките сили, го посетува теологот К.С. Луис во Лондон. Филмот, исто така, ја истражува уникатната врска на Фројд со грижата за неговата ќерка лезбејка Ана, како и неконвенционалната романса на Луис со мајката на неговиот најдобар пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.