Кинотеката се реши за филмови од различни кинематографии, различни содржини, перцепции.

Прв стартува ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ. Актуелниот филм на Горан Столевски, нашинец со адреса на живеење во Австралија, се закитува со позитивни рецензии и со присутност на филмските фестивали. ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ ќе може да се гледа неколку пати во текот на месецот. Гледачите ќе имаат можност да видат и една копродукција, македонско-грчко-германска, насловена ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО.  Месечнава програма се заокружува со проекцијата на новиот игран филм на Вардан Тозија, пост-апокалиптичниот М.
Има што да се види, има што да се раскажува, има што да се запомни. Тоа е програмата на кинотека за јануари, стои во најавата од Кинотека.

ПРОГРАМА ЈАНУАРИ 2024

20 ЈАНУАРИ (САБОТА) 20:00ч
23 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 20:00ч
22 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00ч
24 ЈАНУАРИ (СРЕДА) 20:00ч
25 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00ч
26 ЈАНУАРИ (ПЕТОК) 18:00

ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ
(Housekeeping for beginners)
Игран филм, Македонија, Хрватска, Косово, Полска
2023, 108 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Сценарио: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Улоги: Анамариа Маринка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Миа Мустафа, Џада Селим, Сара Климоска, Розафа Целај, Ајше Усеини (Anamaria Marinca, Alina Serban, Vladimir Tintor, Mia Mustafa, Džada Selim, Rozafa Celaj, Sara Klimoska, Ajse Huseini)

Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

23 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 18:00ч
24 ЈАНУАРИ (СРЕДА) 18:00ч
25 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00ч
26 ЈАНУАРИ (ПЕТОК) 20:00ч
27 ЈАНУАРИ (САБОТА) 20:00ч
29 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00ч
30 ЈАНУАРИ (ПЕТОК) 20:00ч
31 ЈАНУАРИ (СРЕДА) 18:00ч

ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО
(Behind the haystacks)
Игран филм, Грција, Германија, Македонија
2023, 118 мин., колор, ДЦП
Режија: Асимина Предру (Asimina Proedrou)
Сценарио: Асимина Предру (Asimina Proedrou)
Улоги: Статис Стамулакатос, Елени Узундиу, Евегениа Лавда (Stathis Stamoulakatos, Eleni Ouzounidou, Evgenia Lavda)

Средовечен рибар кој живее на северната граница на Грција и кој е заглавен во долгови, почнува да шверцува мигранти преку пограничното езеро, во замена за висока такса. Неговата сопруга, домаќинка и побожна жена, ја бара вистината во Божјата реч, додека нивната ќерка се обидува да го среди сопствениот живот во угнетувачката средина. Животот им се движи по таа траса сè додека еден трагичен инцидент не го погоди семејството, туркајќи ги тројцата херои да се соочат со сопствените слабости, во моменти кога за првпат животот ги принудува да размислат за цената што треба да ја платат за своите постапки.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

27 ЈАНУАРИ (САБОТА), 18:00 ч.

ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО
(Challenging Impossibility)
Документарен филм, САД
2011, 28 мин., колор
Режија: Санџај Равал, Натабара Ролосон (Sanjay Rawal, Natabara Rollosson)
Сценарио: Санџај Равал (Sanjay Rawal)
Учесници: Шри Чинмој, Бил Перл, Френк Зејн, Хуго Жирар, Карл Луис, Мајк Кац, Ден Лури, Вејн де Милија, Нелсон Мандела, Дезмонд Туту, Стинг, Сузан Сарандон (Sri Chinmoy, Bill Pearl, Frank Zane, Hugo Girard, Carl Lewis, Mike Katz, Dan Lurie, Wayne DeMilia, Nelson Mandela, Desmond Tutu, Sting, Susan Sarandon)

Каква улога во животот може да има внатрешниот мир? Дали може да ни помогне во борбата против возраста, заморот и депресијата?
Шри Чинмој, застапник за мир и духовен водач, веруваше дека тоа e можно. Всушност, тој толку многу веруваше во моќта на внатрешниот мир што го посвети својот живот за да покаже дека луѓето кои имаат мир можат да доведат до свет полн со мир.
Преку блескави разновидни активности, од уметност, литература и музика, до дипломатија, медитација и хуманитарна помош, тој негуваше мир помеѓу поединците со надеж дека тоа ќе ги инспирира нациите да се стремат кон мир.
Во 1985-тата година тој ја преобрази таа филозофија на фасцинантна интроспекција во моќен предизвик за невозможното.
На 54-годишна возраст тој започна со кревање тегови. Во текот на следните години неговите достигнувања не се намалија, туку со возраста му се зголеми силата.
Шри Чинмој им пркоси на сите поими дека возраста е пречка за физичкиот развој. Всушност, на 76-годишна возраст, тој постигна најдобар личен резултат во голем број на подигнувања, кои не се мереа во десетици или стотици килограми, туку во илјадници.
ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО илустрира дека никогаш не треба да се откажуваме, дека можеме да го пишуваме и препишуваме нашето минато со инспириран ентузијазам и верба во нашиот најдлабок капацитет.
Овој 28-минутен краток филм ги прикажува легендите во светот на силата и бодибилдинг, Бил Перл, Френк Зејн, Хуго Жирар, Мајк Кац и Ден Лури, како и деветкратниот олимписки златен медалист Карл Луис. ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО прикажува и музика од „Explosions in the Sky” и Арво Парт, како и гостување на Нелсон Мандела, Дезмонд Туту, Стинг и Сузан Сарандон.

ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО има освоено бројни награди како:
– Награда за најдобар документарен филм на Atlanta Shortfest,
– Најдобар документарен филм на Silicon Valley Film Festival,
– Најдобар документарен филм на San Francisco Frozen Film Festival,
– Најдобар краток документарен филм на Duke City Docs,
– Посебна награда од жирито на St. Regis Film Festival,
– Најдобар краток документарен филм на docMiami, како и
– Награда сребрена сиера (Silver Sierra Award) на Yosemite Film Festival 2011.
ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО беше прогласен и за најдобар финалист во категогорија Најдобар докуметарен филм или краток докуметарен филм на Silent River Film Festival, Central Florida Film Festival, Columbia Gorge Film Festival, LA Art House Film Festival и Nevada City Film Festival

 

31 ЈАНУАРИ (СРЕДА) 20:00ч

М
(М)
Игран филм, Македонија, Хрватска, Косово, Франција, Луксембург
2022, 96 мин., колор, ДЦП
Режија: Вардан Тозија (Vardan Tozija)
Сценарио: Вардан Тозија (Vardan Tozija),
Улоги: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Борис Дамовски, Благој Веселинов, Жаклина Петровска, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Јасмина Билаловиќ, Сабина Ајрула, Владимир Тулиев (Matej Sivakov, Sasko Kocev, Aleksandar Nicovski, Kamka Tocinovski, Toni Mihajlovski, Bojana Gregoric Vejzovic, Boris Damovski, Blagoj Veselinov, Zaklina Petrovska, Oliver Mitkovski, Miroslav Petkovic, Jasmina Bilalovic, Sabina Ajrula, Vladimir Tuliev)

Во зафрлена шума малиот Марко живее под будното око на таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средба со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Како што му расте љубопитноста, Марко копнее да ги открие тајните што се кријат зад границите на дивината. Суров сплет на околности му ја исполнува желбата порано одошто очекува. Го чека тешко патување, исполнето со непознати опасности и можност да види еден засекогаш променет свет.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.