Коалиција „Маргини“, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар, во вторник на 14 мај во 20:00 часот во Кино Фросина ве поканува на бесплатна проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски.

Филмот е снимен во 2023 година и во него играат Анамариа Маринка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Миа Мустафа, Џада Селим, Сара Климоска, Розафа Целај, Ајше Усеини. Сценарист и монтажер е Горан Столевски, директор на фотографија Наум Доксевски, а продуценти се: Марија Димитрова, Клаудија Шмиеја-Ростворовска, Анкица Јуриќ Тилиќ, Беата Жежничек, Милан Стојановиќ, Блерта Башоли

Проекцијата е во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“ поддржан од USAID North Macedonia, имплементиран од Коалиција МАРГИНИ, а во партнерство со HERA, Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights и Association for Educational Development – Ekvalis / Еквалис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.