Од продукциската куќа ENDER YAPIMCILIK FILM со седиште во Истанбул, Турција заедно со сервисната продукција ДНФ ФИЛМ ДООЕЛ Скопје известуваат дека денеска  19.07.2024 на улицата „Крсте Петков Мисирков“ во Тетово ќе се снимаат дел од сцените и ќе има промена на сообраќајниот режим од 19:00 до 06:00 часот поради снимање на филмот со наслов „МИРИС НА МИНАТОТО“ во режија на СЕРКАН ОЗАРСЛААН,

Филмот веќе подолг период се снима во Тетово и Скопје и е планиран по премиерата во Турција да има и премиерата во Македонија.

Како што не информираат од продукцијата во филмот глумат познати Актери од Р. Турција како и познати актери и од нашата земја.

Исто така информираат од продукцијата дека сообраќајниот режим ќе биде контролиран од службите на Министерството за внатрешни работи (МВР).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.