Актерот Џорџ Клуни неодамна во едно интервју откри што смета за најголема грешка во неговата кариера.

Џорџ Клуни е познат и по улогата на Бетмен, но, како што рече, прифаќањето на таа улога била неговата најголема грешка во кариерата.

Како што изјави за Entertainment Tonight, „нема доволно дрога во светот за да го натера повторно да го игра Бетмен“. Тој првпат се појави во филмот во 1997 година покрај Арнолд Шварценегер и Ума Турман, а само години подоцна откри дека го сметал филмот за неуспешен.

По него улогата ја презеде Бен Афлек иако Клуни го предупреди да не го прави тоа.

“Всушност разговарав со него за тоа. Му реков да не го прави тоа. Тоа беше само од моето искуство”, рекол Клуни, кој додал дека Афлек сепак добро ја завршил оваа улога.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.