Легендарната холивудска актерка Џоан Колинс се пофалила дека овогодинешните божиќни празници ги поминала во бикини, сончајќи се и пливајќи во базенот во својот дом на Беверли Хилс.

89-годишната Џоан ја покажала својата завидна фигура во едноделен костим за капење со леопард принт, додека била нашминкана и имала очила за сонце, со собрана коса во висока пунџа. Таа била придружувана од нејзиниот 58-годишен сопруг Перси Гибсон, со кој е во среќен брак во последните 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Имав одличен Божиќ во Беверли Хилс, пливав во базен и имав прекрасен ручек“, напишала Џоан покрај објавата.
„Изгледаш одлично и среќно“, „Како да не старееш“, „За неа годините се само бројка“, „Секси засекогаш“, „Убава“, „Секогаш убава“, „Така е“, „Јас отсекогаш ти се восхитував. Екслузивна, убава“, ја пофалиле нејзините следбеници во коментарите.
Џоан и Перси се запознале во 2002 година во театар, а холивудскиот продуцент, кој е 31 година помлад од актерката, е нејзиниот петти сопруг.

Џоан има две деца од вториот брак, Тара и Александар, додека со третиот сопруг Рон ја добила ќерката Катјана Кас.
Во август, во интервју за магазинот Saga, таа признала дека се уште мисли за себе како 40-годишна жена и на тој начин ја открила тајната на нејзината убавина, тврдејќи дека годините се неважни бидејќи нејзиниот фокус е на тоа како изгледа и како се чувствува.

На почетокот на годината Џоан ја прослави 20-годишнината од бракот со Перси, а во таа прилика го пофалила и додала дека е многу среќна што го има во животот.
„Тој се грижи за сè. Се грижи за моите деца и за сите наши финансии. Тој е љубовта на мојот живот. Тоа е одличен брак и одлична врска”, рекла Џоан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.