Примарниот впечаток е дека во „Џипси меџик“ е направен обид да се прикаже вистинската положба на Ромите, кај кои материјалната беда стои веднаш наспроти психолошката слобода којашто треба да го претставува нивното вистинско богатство. По овој модел режисерот настојува таа содржина на филмот да ја направи што поуниверзална. Номадскиот менталитет, манифестирањето на исконската човечка потреба по трагање, опиеноста со животот и носталгичната жед по него, би требало да бидат суштинската естетска порака на овој филм.
Бојата има доминантно психолошки карактер, бидејќи таа – оваа своја вредност ја поседува и во нивното секојдневно живеење, што убаво, и над сè функционално, го забележал и го реконструирал снимателот на овој филм Апостол Трпески.

1997 МФФ, Монпелје, „Златна Антигона“ – Гран При за надобар филм

1997 Најдобра Селекција– Европска Филмска Академија, Берлин (најдобри 24)

1997 Македонски кандидат за Оскар

Montreal World Film Festival -Nomination for Grand Prix des Ameriques

Stockholm international film festival – Nomination for The Bronze Horse

2016 NANCY LORRAINE Film Festival, Prix coup de coeur du public

 

8 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

ЏИПСИ МЕЏИК
(Gipsy Magic)
Игран филм, Македонија
1997 г., 135 мин., колор, 35 мм
Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Владимир Блажевски (Vladimir Blazhevski)
Улоги: Предраг Мики Манојловиќ, Бајрам Северџан, Горан Додевски, Катина Иванова, Владимир Јачев, Арна Шијак, Синоличка Трпкова (Predrag Miki Manojlović, Bajram Severdzhan, Goran Dodevski, Katina Ivanova, Vladimir Jachev, Arna Shijak, Sinolichka Trkova)

Таип, главата на едно повеќечлено и сиромашно ромско семејство, мечтае за Индија, прататковината на сите Роми. Случајно се запознава со индиски доктор кој е припадник на силите на УНПРОФОР, и добива идеја како да заработи пари, да купи коњ и да го однесе семејството во Индија. И така започнува низата „несреќни случки“ во семејството на Таип: посмртниците за бабата, мајката, синовите, ги потпишува докторот Риџу, а Таип ги добива парите што му следуваат од „социјалното“ за умирачките. Но, ваквиот начин на заработување е однапред осуден на неуспех и завршува трагично за семејството.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.