Американскиот режисер Џим Џармуш вели дека е љубител на филмовите од серијалот „Гол пиштол“, дека е воодушевен од ликот „Џон Вик“, но никогаш нема да погледне ниту еден дел од серијалот „Војна на ѕвездите“, како што изјави за списанието „Биливер“ (The Вeliever).

Не сум ги гледал филмовите „Самрак“. И има одредени нешта што никогаш нема да ги гледам. Никогаш нема да гледам ниту еден (филм, з.п.) од „Војна на ѕвездите“, бидејќи ми пречи што знам толку многу за нив и нивните ликови, рече Џармуш.

Режисерот на филмовите „Мистичен воз“, „Мртов човек“ и „Кафе и цигари“ дополнително се прашува и се чуди зошто знаел за ликови како Дарт Вејдер или роботот „Ар-ту-Ди-ту“, а никогаш не гледал ниеден од филмовите „Војна на ѕвездите“…

 И „Однесено со виорот“ никогаш не сум го гледал и нема да го гледам, само затоа што чувствувам дека ми го наметнуваат, вели режисерот.

Џармуш, од друга страна, смета дека „Терминатор“ на Џејмс Камерон е акционо ремек-дело… Но, вели, му пречи тоа што во последно време, кај филмовите од жанрот акција „не може да најдете кадар подолг од три секунди“, што според него, е навистина навредливо.

Три секунди, сечи! Човече, ме боли глава од тоа. Исклучувам! Ајде човече, врати се на училиштето за филм. Погледни нешто. Прочитај некоја книга. Погледни некој филм. Погледни што било! Ова е глупост. Не можам да издржам!, истакна Џармуш.

Инаку, последниот негов долгометражен филм е зомби-комедијата „Мртвите не умираат“ (The Dead Don’t Die) од 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.