Џереми Ренер е пуштен од болница каде што помина повеќе од две недели закрепнувајќи се од сериозните повреди со кои се здоби додека чистеше снег.

Ренер откри дека можел дома да ја гледа премиерата на втората сезона на Mayor of Kingstown, во која глуми.

„Надвор од зашеметувањето на закрепнувањето, бев многу возбуден што ја гледав првата епизода од втората сезона со моето семејство, во мојот дом“, напиша актерот на Твитер.

Претходно, актерот на својот Инстаграм профил објави стори со фотографија од куќи на езерото Тахо покриени со снег.

Ми недостига моето среќно место“, напиша актерот свесен дека го чека долг пат до закрепнување.

Да потсетиме дека Ренер му помагал на мотоциклист кој бил заглавен во снегот, кога бил повреден од сопствената лопата. Актерот бил пренесен во болница со сериозни повреди на градниот кош и телото. Имал и тешка рана на главата која крварела и повреда на ногата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.