Поминаа 13 години откако Џек Николсон се појави во „Како знаеш“, романтичната комедија со Рис Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон во главните улоги.
Иако оваа споредна улога дефинитивно не е врвна точка во кариерата на Николсон, бидејќи холивудската легенда зад себе има 80 филмски улоги, овој ангажман не го намали наследството што содржи некои големи филмски класици, како што се The Departed (2006), The Shining (1980), One Flew Over the Cuckoo’s Nest (1975) и Chinatown (1974).
Иако 86-годишниот Николсон никогаш не најавил дека ќе се пензионира, филмот најверојатно ќе му биде последен. Една таква информација се појави на подкастот WTF со Марк Марон оваа недела, за време на опширното интервју со познатиот продуцент и долгогодишен пријател на Николсон, Лу Адлер.
Марон беше при крај на разговорот кој траеше повеќе од еден час кога му постави на Адлер важно прашање што доведе до темата за плановите на Николсон. „Мојот пријател сакаше да го стави во филм“, рече Марон откако го праша Адлер како е Николсон.
“И тој разговараше со него. Но Џек рече: “Не сакам да го правам тоа. Знаете што направив денес? Седев под дрво и читав книга”, додаде Марон. „Тоа звучи како Џек“, одговори Адлер смеејќи се со Марон. Адлер истакнал дека Николсон секогаш го правел токму она што навистина сакал да го направи. “Тој сака да биде тивок. Тој сака да јаде што сака. Тој сака да живее како што сака”, заклучил Адлер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.