На Средно Водно денеска во 11 часот ќе падне првата клапа од снимањето на македонскиот долгометражен филм со работен наслов „Касапско оро“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ.

Станува збор за политички трилер со примеси на црна комедија во продукција на „Ново македонско видео“. Главните улоги ги играат актерите Никола Ристановски и Дарја Ризова. Идејата за филмот е на Срѓан Јанаќијевиќ, сценариото е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, а главен продуцент е Сашо Пешев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.