Во четврток, на 14 ноември, Амбасадата на Република Кореја во соработка со Кинотека на Македонија  го организира „Денот на Корејската култура во Скопје“.

Од 17:00 часот започнува ексклузивната проекција на играниот филм:

Помеѓу боговитеДвата Света. Откако неочекувано умира, пожарникарот Ја-хонг е одведен во задгробниот живот од три чувари на задгробниот свет. За да може да се реинкарнира, тој мора да помине седум судења во текот на 49 дена и да докаже дека  бил невин во човечкиот живот. Неговите тројца задгробни чувари се покрај него за да го бранат при судењето. Помеѓу боговитеДвата Света е јужнокорејски фантастичен акционен филм од 2017 година, во режија на Ким Јонг-хва. Филмот е прв дел од трилогијата базиран на истоимениот веб-серијал на Џо Хо-мин, кој е инспириран од будистичките слики од корејската династија Чосеон и раните будистички текстови за Десетте кралеви на пеколот иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.Филмот за прв пат се прикажува во Скопје и влезот ќе биде Филмот не се препорачува за деца под 15 години.

Од 19:30 часот е  играниот долгометражен филм Одлука за заминување  (Heojil kyolshim / Decision to Leave, 2022) на корејскиот режисер Паак Чан-ук кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023.

Паак Чан-ук (Park Chan-wook, 1963) е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија, а неговите филмови ЗАЕДНИЧКА ЗОНА НА БЕЗБЕДНОСТ (Joint Security Area, 2000), СОЧУВСТВО ЗА Г. ОДМАЗДА (Sympathy for Mr. Vengence, 2002), ОЛДБОЈ (Оldboy, 2003),  ЖЕД (Thirst, 2009), СЛУГИНКА (Handmaiden, 2016) и други се меѓу најнаградуваните корејски филмови не само на домашните и азиските, туку и на филмските фестивали  ширум светот. Одлука за заминување  е криминална нео-ноар драма во која детективот кој ја истражува смртта на еден човек се вљубува во сопругата на починатиот, иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.