Во рамките на 57. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура кој што се одржува во Охрид, за прв пат годинава се воведени и други дејности од македонската култура.

Љубителите на филмската уметност имаат ретка можност да уживаат во дел од збирката на браќата Манаки, првите сниматели на Балканот. Оваа збирка е од исклучително значење и е дел од македонското филмско наследство.

Филмскиот опус го презентираше Мими Ѓорговска Илиевска, вонреден професор на факултетот за драмски уметности и советник во Управата за заштита на културно наследство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.