Актерот Дејвид Тенант во целост го променил изгледот за потребите на снимањето на серијата „Литвиненко“, која зборува за жестокиот критичар на Владимир Путин.

Имено, Александер Литвиненко работел во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), а почина во 2006 година како последица на труење со радиоактивна супстанца.

Серијата „Литвиненко“ наредниот месец ќе биде емитувана на стриминг сервисот ITVX.

Преку четири епизоди гледачите ќе се запознаат со животната приказна на Маргарита Левиева, сопругата на Александeр. Таа се борела да ја убеди британската влада да ги објави имињата на неговите убијци и Русија да ја признае својата улога во неговото убиство.

Владата на Велика Британија во 2016 година објавила дека Дмитриј Ковтун и Андреј Луговој го отруле Литвиненко, ставајќи му полониум-210 во пијалокот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.