Со бурен аплауз и овации беше пречекан новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Собата до врата“ синоќа на Филмскиот фестивал во Венеција кој е во тек. Ова прв филм снимен на англиски на врвниот шпански режисер во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур.
Медиумите пишуваат дека најновиот филм на Алмодовар добил 17-минутни овации по премиерата.
Филмот „Собата до врата“ (The Room Next Door), е адаптација на романот на Сигрид Нуњез, What Are You Going Through и ги следи најпродаваните писатели Ингрид (Мур) и Марта (Свинтон) додека го обновуваат своето пријателство откако изгубиле контакт. Додека се нурнати во минатите спомени, анегдоти, уметност и филмови, Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе земе апчиња за евтаназија.
На прес-конференцијата на филмот претходно истиот ден, шпанскиот автор, познат по филмовите како „Жена на работ на нервен слом“ и „Се за мојата мајка“, разговараше за тоа како филмот е про-евтаназија.
Овој филм е во корист на евтаназијата, рече тој.
Свинтон и Мур велат дека се огромни обожаватели на Алмодовар. Мур вели дека не познава режисер во целиот свет кој би можел да сними подобар филм за женското пријателство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.