Јулијан Костов ќе го замени српскиот актер Милош Биковиќ, кој првично требаше да игра во третата сезона на серијата на HBO „Белиот лотос“. Бугарскиот актер ќе глуми руски лик.

Да потсетиме, Биковиќ во петокот беше исфрлен од проектот откако Министерството за надворешни работи на Украина на социјалните мрежи го обвини дека поддржува геноцид и го крши меѓународното право.

Костов е познат по улогата во серијата „Сенка и коска“ (Shadow and Bone).

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирајќи ги случувањата рече дека е убеден оти српскиот актер Милош Биковиќ, по одлуката на американскиот ТВ канал HBO да го раскине договорот со него за снимање на третата сезона на серијата „Белиот лотос“, ќе има уште многу други интересни улоги.

Сигурен сум дека ќе има многу други интересни понуди, изјави Песков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.