Комичарот и актер Боб Сагет, кој минатиот месец беше пронајден мртов во хотелска соба во Орландо, Флорида, на 65-годишна возраст, починал од траума на главата откако случајно ја удрил, соопшти неговото семејство во средата.

Сагет, најпознат како веселиот татко во телевизискиот ситком „Полна куќа“, најверојатно си го удрил задниот дел на главата и легнал да спие без да размисли за можните последици од ударот, тврди неговото семејство во изјава за „Ројтерс“.

Не станува збор за дроги или алкохол.

Додека продолжуваме да тагуваме заедно, бараме од сите да се сетат на љубовта и смеата што Боб ги донесе на овој свет и лекциите на кои нè научи сите нас. Да бидете љубезен кон сите, луѓето што ги сакате треба да знаат дека ги сакате, да се соочите со тешки моменти со прегратки и смеа. Ова се некои од работите на кои нè научи, додава семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.