Проектот „Бело се пере на 90“ во режија на словенечкиот режисер Марко Небершник доби поддршка во износ од 149.000 евра од Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“.

Во овој проект учествуваат голем број копродуценти од Словенија, Италија, Србија, БиХ, Црна Гора, а од Македонија ко-продуцент е „Црна мачка“ од Скопје.

Европскиот фонд за ко-продукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела Еуримаж од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.464 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 701 милиони евра, објави Агенција за филм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.