Италијанската актерка Софија Лорен (89) е тешко повредена откако во неделата наутро паднала во својот дом во Женева. Според Corriere della sera, актерката била пренесена во болница каде и била констатирана фрактура на колкот.

AFI FEST 2014 - Tribute to Sophia Loren - By Lionel Hahn

Операцијата поминала добро, а ќе следи нејзината рехабилитација. На актерката и помагаат синовите Едоардо и Карло.

Во вторник, Лорен требаше официјално да го отвори четвртиот ресторан во Италија што го носи нејзиното име во Бари, по оние во Милано, Фиренца и аеродромот Фиумичино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.