Заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова енергија”, кој е во режија и по сценарио на актерката Сара Климоска и ко-режисер Радован Петровиќ, а во продукција на NEST Продукција на продуцентот Јорданчо Петковски.

„Нова енергија” ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ взаемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери.

Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми.

Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска.

Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО.

Во филмската екипа се и Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф).

По завршувањето на постпродукцијата, филмот ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.