Деветотто издание на „Балкан панорама филмскиот фестивал“ се одржува во Измир од 19- ти  до 25- јануари и е поддржан од турското Министерство за култура и туризам, како и од локалната самоуправа на Измир и се одржува во измирската Општина Каршијака. Во ова издание ќе бидат прикажани над 150 филмови, а селектираните филмови доаѓаат од неколку земји и тоа: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија,Црна Гора, Косово, Македонија, Унгарија, Молдавија, Романија, Србија,Словенија, Турција и Грција.

Во главната натпреварувачка категорија за интернационали филмови се и македонските : Филмот на Иво Трајков , неговото најново остварување наречено “Piargy”, впечатливо кинематографско дело работено во црно-бела техника, „Кајмак“ на Манчевски- македонско-данско-холандско-хрватска копродукција, поддржана од Еуримаж, кој ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио.

За наградата „Дарио Морено “се натпреваруваат филмовите на Кристијан Ристески „Снежана на крајот умира“ и „Мими“ на Даријан Пејовски.

Во категоријата за кратки филмови кои се натпреваруваат за наградата „Дарио Морено“ тука е македонскиот филм на Гоце Трајковски  „Досие иднина“.  Освен тоа специјална проекција има за филмот на Јани Бојаџи „Кино љубов“, како и за „Те дуа жими мене“ на Марјан Гавриловски и „Иглата-мојата тајна градина“на Мерита Сали.  Во категоријата за краток филм проекции ќе има на филмот на Лидија Мојсовска „ Само ѓаволот ја мрази водата“, „Шеќерни луѓе“ на Сузана Диневски.

Наградата „Жолт чадор“ која е симбол на овој фестивал ќе биде доделена во 11 категории, а победниците ќе бидат прогласени на затварањето на фестивалот.

 

 

извор Тера телевизија

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.