Зорица Брунцлик има богата кариера со која може да се гордее, а сега откри дека била омилена пејачка на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито.

Маршалот ја забележал на еден настап како ја пее„Жолти се набраните јаболка“ и „Од каде си село“ и оттогаш секогаш ја викал да пее пред светските државници.

Зорица открила како изгледало кога хеликоптер дошол да ја земе да му пее на Тито.

Имав концерт во Пулска арена и во соблекувалната ми рекоа како на војник: „Те молам, дојди со нас“ – се сеќава Зорица и продолжува:

А потоа полетавме за Бриони.Тоа е убава епизода во мојот живот, сите тие приказни ги имам во најдобро сеќавање – изјави Зорица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.