Завршена приказна се концертите на пејачите од соседството кои сами се декларираат како поп-фолк изведувачи и грмат цело лето во туристички Охрид. Градоначалникот Пецаков пресече, гратскиот стадион може да го закупи секој,организаторите си го гледаат сопствениот ќар,но од идното лето, вакво лудило повеќе нема да има.

  • “Од другата година ќе биде поинаков принципот, прво да добиеме потврда каков настан ќе има, а потоа ќе одлучи општината дали ќе го дава или нема да го дава тој настан.Да бидам прецизен, ќе има селекција,толку”-вели Пецаков за „Алфа ТВ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.