Традиционалниот Светски Ромски бал се одржува вечерва со гости од цела Европа, кои во хотелот Александар Палас ќе ги забавуваат Цеца, Теа Таировиќ, Џогани, Мухарем Сербезовски, Таркан, Џефрина.
Настанот за првпат го организираше пратеникот и претседател на Сојуз на Ромите во Македонија, Амди Бајрам, а по неговата смрт на чело на организацијата е неговиот син Габриел Бајрам.
Водители на балот се Лила Филиповска и Даниел Петровски, кои го најавија настанот со видео во кое порачуваат дека вежбаат играње со трубачи бидејќи доаѓаат познати музички имиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.