Долгоочекуваниот предновогодишен спектакл е на самиот праг! Утре е денот кога цела Македонија ќе се собере на едно место само за да доживее незаборавна вечер заедно со едната и единствена Теа Таировиќ.
Време е за концертот кој го привлече вниманието на широката јавност и предизвика голема заинтересираност и возбуда. Како што велат организаторите, сензационалниот настан е скоро целосно распродаден што воопшто не е зачудувачки, а поради големиот интерес пуштени во продажба биле и карти за помошните трибини и делот од галеријата.
Неодоливата балканска ѕвезда Теа Таировиќ со нетрпение чека да настапи пред македонската публика, ќе дојде со тим од 40 луѓе, а заедно со својата танчерска екипа и специјалниот гостин, мегапопуларниот Војаж, подготвени се да направат незаборавно лудило.
Искористете ја можноста, бидете дел од концертот на годината, утре во 20 часот во салата Јане Сандански.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.