Александра Николиќ, српска старлета која му беше девојка на  Јетон Кривањева, изрешетаниот во „Шиша бар“ на Кале, е бремена.

Александра ќе му роди дете на Филип Цар, партнерот од реалното шоу „Задруга“.

Јетон, викан Жила, и Александра имале бурна врска која завршила поради насилство. Тие се запознале дека таа играла на шипка по клубови во Македонија. Набрзо се преселила да живее кај него во Скопје.

Ја напуштив работата поради него, бидејќи му пречеше да играм. Добро се забавував со него година и пол, но го оставив затоа што ме тепаше-изјави Александра.

Јетон беше дел од кланот Дуќанџик од Грчец на кој главен бизнис им беше трговијата со дрога.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.