Латино-ѕвездата, Шакира, го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, во вредност од 14,5 милиони евра, по што сега е чекор поблиску до судење.

Колумбиската пејачка, која има продадено повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата.

Шакира секогаш ги плаќала сите даночни обврски и смета дека случајот е „целосно кршење на нејзините права – се вели во соопштението на нејзин официјален претставник.

Шакира е обвинета дека не платила 14,5 милиони евра даночен приход во периодот од 2012 до 2014 година. Ова е време кога, според адвокатите на пејачката, таа не живеела во Шпанија.

Современата „кралица на латино-музиката“, се пресели во Барселона во 2015 година. Таму живеше со фудбалерот Жерар Пике. Двојката има две деца, но од неодамна веќе не живеат заедно.

Пејачката вели дека иако нејзиниот адвокатски тим не се согласил целосно за наводниот долг, таа платила 17,2 милиони евра кои шпанската даночна служба тврди дека ги должи.

Според неа, таа со години нема неподмирен долг кон даночните власти.

По ваквта одлука на Шакира, судот ќе ѝ испрати покана за рочиште и треба да се одреди датум за судење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.