Сакајќи да го наметне прашањето дали културата е само за пред луѓе или си ја носиме од дома, Снеже Велков во новата епизода на „Нешто конкретно“ ги стави нозете на маса и праша дали одговорот „сите така прават“ е соодветен за да си го оправдаш некултурниот потег? Овојпат гости се Берта Додевска, Оле Поцкова, Даце Николовски и Мими Марковски.

На прашањето што нашите гости се свесни дека е некултурно, но сепак си го прават, Оле си призна дека колата и е гнасотилук и оти ѝ велат џабе се бањаш кога после влегуваш во неа. Оле беше брутално искрена, но потоа вети дека ќе се обиде да го смени тоа.

Берта Додевска се пожали на некултурата на граѓаните на велосипедските патеки, ова е честа поплака на нашите сограѓани, тие едноставно мислат дека истите се корзо и никој не може да ги убеди во спротивното. На оваа тема се вклучи и битолчанецот Мими кој рече дека тие немаат таков проблем бидејќи не ни имаат велосипедски патеки. Во меѓувреме, Берта сподели дека таа вози електричен тротинет, па Даце не успеа да се воздржи да ја праша дали постојат вонсериски тротинети за луѓе како неа и него алудирајќи на нивната висина, „те замислив на тротинет викам што тротинет е тоа“ рече тој.

Во однос на пцуењето, гостите се согласија дека човек колку и да е културен, тешко може да се воздржи во нервоза и да не почне да се рафрла со вулгарни зборови, „кога го слушам него јас се концентрирам и све по список, тетки из Новога Сада до сегашен момент, беше искрена Оле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.