Рокерот Ѓорѓе Давид се огласи и откри дека се сретнал со мажот чија сопруга загина во сообраќајната несреќа во Македонија.

Ѓорѓе признава дека разговорот поминал добро и додава дека имал голема желба да се сретне со човекот очи во очи.

Морам вака да ви кажам, да не разговарам со секого поединечно. Имаше некои наслови кои беа тенденциозни, а тоа ме повреди мене и моето семејство. За мене е многу важно да кажам дека се сретнав со човекот чија сопруга загина во несреќата – почна за Гранд.

Ѓорѓе потоа проговорил за тоа како се одвивал разговорот и открил дека после таа средба му паднал огромен товар од срцето.

Разговорот што го водевме беше крајно, нормален, крајно човечки, крајно татковски. И тој е татко на женско дете и јас сум татко на женско дете и тоа е нешто. За мене беше многу важно да симнам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од главата на човекот зад воланот. Важно ми е што разговарав со човек кој е апсолутно свесен за ситуацијата и свесен дека сум некој што бил совесен во тој момент и кој постапил во моментот најдобро што можел – рече Ѓорѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.