Ѓорѓе Давид, рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна доживеа страшна сообраќајна несреќа во Македонија во која загина жена, а сега тој се огласи и откри дека неговите документи сѐ уште се во обвинителството.
Музичарот објави видео на Инстаграм во кое ги замоли сите медиуми да не шпекулираат за неговата моментална ситуација бидејќи тоа му ја отежнува ситуацијата.
Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Имено, не ги добив документите и не ја напуштив Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми го правите животот пекол. Кога ќе ги добијам документите и кога ќе ја поминам границата, ќе бидам првиот што ќе ве контактира – изјави Давид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.