Специјалистката за маркетинг, инфлуенсерката Сања Ристиќ се раздели од сопругот, ракометарот Дејан Пецаковски. Откако претходно дел од медиумите шпекулираа за нивниот развод, Сања Ристиќ официјално потврди дека тие не се заедно повеќе од една година.

-Мојата разделба со мојот сопруг Дејан беше апсолутно мирна разделба каде една од причините што не постои е неверство. За себе тврдам, за Дејан исто така можам да тврдам, затоа што е сосема друга причината поради која ние сме се разделиле – вели Ристиќ во интервју за Жешко столче.

Пред неполни две години, во интервју, Ристиќ изјави дека со Пецаковски се запознале на терапија за спортски повреди, велејќи дека средбата била сосема случајно, неочекувано, никогаш претходно не слушнале еден за друг.

Односно, не се запознавме туку само се погледнавме. Интересниот момент е дека по таа средба јас се вратив на работа и објаснував на колегите какво момче сум видела и дека „ете го најдов сопругот на мојот живот“. Во истиот момент тој се јавил на својот најдобар другар, наш денешен кум, и му рекол „си ја најдов жената на својот живот“. Потоа ме додаде на социјалните мрежи и официјално се запознавме – изјави Сања во март минатата година.

Деновиве кружи муабет дека Ристиќ, која јавноста ја знае по песничката Ех тој Тоше, има нов партнер, повторно спортист. Иако официјално не се појавуваат во јавност, се зборува дека македонското девојче е во врска со наш поранешен кошаркарски репрезентативец.

На прашањето Ако треба да одбереш меѓу ракомет и кошарка, што би избрала,  во интервјуто за Жешко столче Ристиќ вели:

Па, до сега не ме заинтересирало ни тоа ни тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.