Крис Рок беше пречекан со аплауз кога во средата вечерта излезе на сцената во Бостон на својот прв настап откако Вил Смит му удри шлаканица на Оскарите.

Присутните во публиката мораа да ги предадат своите мобилни телефони пред почетокот на шоуто, а Рок кога се качи на сцената им се заблагодари на поддршката.

Па, каков ви беше вам викендот – праша Рок на почетокот, пред да каже дека нема намера да се занимава со инцидентот бидејќи „се уште го обработува тоа што се случило“.

 

Немам што да кажам за тоа, па ако дојдовте за тоа… се уште работам на тоа што се случи, па ќе зборувам за тоа во одреден момент. Кога конечно ќе се справам со инцидентот, „ќе бидам сериозен“, но сега ќе кажам неколку вицови – изјави Рок, кој очигледно беше прилично вознемирен поради тоа што се случи.

Настапот, сепак, не мина без инциденти, откако еден маж беше избркан од шоуто откако извика „Вил Смит“.

На тоа, Рок малку изнервиран ја праша публиката: „Дали ова шоу ќе оди вака?“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.