Во рамките на манифестацијата „Крива Паланка- град на културата“ ќе настапат Игор Димовски и Пауза за ракија, како и Елена Андоновска, а на 25 август следува проектот „Македонијо во срце те носиме“ со 12 македонски патриотски песни, во изведба на 12 македонски доајени на народната музика: Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Мина Блажев, Марија Спасовска, Ламбе Алабаковски и Бојана Скендеровски.

Посебна атракција за посетителите е етаблираниот музички фествал „Џој Фест“ кој ќе се одржи на 23 и 24 август. Првата фестивалска вечер е резервирана за концертите на Конкверинг Лајон и Суперхикс, а на 24 август ќе настап Кисити, Парампарчад и Бубњиви и Пси, додека звезда на вечерта е македонската дива Калиопи.

Фестивалската програма ќе кулминира со спектакуларниот концерт на хрватската пејачка и балканска ѕвезда Северина, на 28 август, кога се очекува да собере бројна публика од земјата и соседството. Пред Северина настапува поп пејачот Давид Темелков, а фестивалската сцена ќе ја затворат енергичните и оригинални BRASS Brothers.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.