Спските медиуми и посветија големо внимание на веста дека пејачката Маја Николиќ го пријавила својот поранешен партнер дека и се заканувал со пиштол.

По таквото обвинување, обвинител му изрекол на поранешното момче на Маја итна забрана за приближување, а судија ја потврдил мерката.

Како што пишуваат медиумите, соседите на пејачката наводно слушнале викање и расправија од станот, како и врисоци на Маја, но и глас на непознат маж. Според нив, тој силно ја треснал вратата по излегувањето од станот, а Маја потоа била видно нервозна.

Инаку, соседите на Маја тврдат дека нејзиното поранешно момче воопшто не било пријателски настроено и изгледало како постојано да се крие од некого.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.