Во новото издание на „Нешто конкретно“ гостите Никола Перевски Пере, Кристијан Станковски Бомбакис, Иван Јованов и Филип Пешевски со водителката Снеже Велков разговараа за тоа што значи титулата во денешно време, ако порано се знаело што значи да се биде татко, столб на семејството, ако се знаело дека кога тато одмара не смее да се писне дома, дека тато не чисти по дома и оти како ќе каже тато така мора да биде, дали денеска правилата останале исти или сепак нешто се сменило?
Филип Пешевски за себе ќе каже дека е веле-мајстор затоа што син има, а за еден месец ја чека и ќеркичката.
Пере, кој има четири прекрасни девојчиња, зборува дека енергијата што ја добива од сите нив е фантастична. Како најубави моменти од својот живот тој ги опиша моментите на доаѓањето на неговите деца на овој свет.
Бомбакис се уште се нема навикнато дека е татко, тој е тазе во оваа улога и вели дека ќе се навикне на тоа само кога ќе ја слушне ќеркичката да му рече тато. Ќерката ја крстил Бисера по истоимената песна по негова желба, неговата тогашна девојка, сега сопруга, била свесна дека нема отстапување за името.
Иван Јованов е благодарен што неговата желба првото дете да биде женско му се оствари, таа се вика Ниа, а пејачот најави дека ќе оди на три деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.