Сопственичката на еден од најлуксузните гласови и посебна енергија, пејачката Сања Вучиќ, има брат по кој лудуваат сите жени.

Секој мускул на неговото тело е извајан, а со својот шармантен изглед е неодолив за припадничките на понежниот пол.

Неговото име е Милош Вучиќ (34), а се занимава со многу сериозна работа. Завршил стоматологија и моментално работи во маркетинг за фармацевтска компанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Vučić (@vuleks)

Луѓето често ми приоѓаат на улица, ме препознаваат и тоа ми се допаѓа, морам да признаам. Некои ме знаат како брат на Сања, па ме прашуваат кога ќе излезе новата песна, дали можам да ја поздравам, но и комплимент за мене – вели Милош за српските медиуми.

Тој објаснува дека не изгледал секогаш вака. Иако денес е препознатлив по мускулестото тело, некогаш бил дебел. За само една година успеал да ослабе 25 килограми и целосно се трансформирал.

Споделувајќи ја својата фотографија од пред 12 години на Инстаграм, каде што го следат 185 илјади луѓе, тој стана инспирација за другите луѓе, кои ги охрабри да се променат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Vučić (@vuleks)

Имав вишок килограми како дете, исто како мојата Сања. И тогаш на почетокот на факултетот, во 2011 година, решив да ја свртам приказната. Почнав да тренирам интензивно, го променив начинот на исхрана, а со години и години вежбање го добив телото што го имам денес – изјави Милош за локалните медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Vučić (@vuleks)

Тој истакнува дека промената на навиките и редовниот тренинг му овозможиле да има волја за се и дека е неспоредливо подобро расположен.

Здравиот начин на живот ме одржува добро да функционирам во сите области. Таквиот живот води до ментално здравје, а ни носи придобивки на сите полиња, професионално и емотивно, бидејќи сме многу подобро расположени и имаме поголема волја. Секојдневното тренирање е многу важно бидејќи така се ослободувам од вишокот негативна енергија и затоа на сите им препорачувам здрав живот и здрави навики – заклучува овој згоден стоматолог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Vučić (@vuleks)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.