Како круна на ова летно и најдобрите летни концертни журки, но и разладување во се’ уште жешките денови следува уште ден богата музички викенд. И тоа не обичен туку, „Скопје пивски викенд“ (Skopje Beer Weekend ), кој ќе се одржи во три вечери на 13, 14 и 15 септември, на Стадионот на АРМ во Градски парк – Скопје.

Бидете и вие дел од викендот посветен на ладното пиво, вкусната храна и што е најважно, добрата забава со квалитетната музичка програма и понуда која содржи внимателно одбрани изведувачи.

Првата вечер, на 13.09.2024 (Петок) настапуваат: -Еден од најпопуларните бендови од соседтвото, српските кралеви на концертните журки “Тропико бенд“.

-Најпознатото и најпопуларно македонск ар ен би дуо заедно со својата повеќечлена придружна група во живо – скопските ар ен би волшебници ДНК.

– Македонската „Ѕвезда на Гранд“, атрактивната, сексапилна и заводлива убавица Андријана Петрушовска.

Втората вечер, на 14.09 2024 (Сабота) ќе настапат:

-Позната српска фолк ѕвезда, автор и популерн пејач чии хитови со години сите ги пејат Пеѓа Меденица – Најпознатата македонска поп-реге-ска група, чии концертни журки исполнети со нивните хитови долго се паметата

– „Суперхикс“

– Двојната макфестовска победничка Бојана Скендеровски

И конечно последната, трета вечер на 15.09.2024 (недела) годинешниов „Skopje Beer Weekend“ ќе го затворат:

-Емотивецот чии срцепарателни песни го допираат сечие срце ,галат и разнежнуваат душата, единствениот Џенан Лончаревиќ

– Еден од најдобрите македонски фолк пејачи, чии врвни интерпретации на незаборавните фолк бисери сите ги пејат во еден глас, Миле Кузмановски

– Крем на кремот кога е народната песна во прашање, некрунисаниот принц на македонската народна новосоздадена песна, неприкосновениот Наум Петрески .

Затоа не пропуштајте ја единствената можност да бидете и Вие дел од „ Skopje Beer Weekend “ од 13 до 15 септември 2024, Стадион на АРМ – Градски парк – Скопје. Со ладно пиво и храната подобро лизга, а песната поубаво звучи!, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.