Пејачката ѕвезда Лепа Брена настапила во однапред снимената новогодишна програма на Нова ТВ, а гледачите не престануваат да го коментираат нејзиниот избор на фустан.

62-годишната пејачка се појавила во црн фустан, над кој било исцртано голо женско тело. На социјалните мрежи започнала лавина од коментари.

„Зошто?” „Фустанот…вероојатно не е некоја погрешно разбрана уметност“, „Зошто?“, „Што е ова?“ и „Хорор“, се само дел од коментарите на гледачите на кои нејзиното модно издание воопшто не им се допаднало, а исцртаните огромни женски гради ги коментирале како „бизарни“ и „многу невкусни“.

Некои фанови застанале во одбрана

Но, и покрај негативните коментари, некои обожаватели го бранеле нејзиниот избор на официјалниот Инстаграм профил на пејачката: „Оставете ги приказните за лошиот вкус, ова е силна порака за еманципација и слобода на жените на Балканот, каде секоја убава и успешна жена преживува линч. “, напишал еден. Инаку, Лепа Брена за Новата настапи во ресторанот „Топчидерац“ во Белград.

Фото: Принтскрин/Twitter



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.