Деновите во периодот од 26 до 28 август се денови резервирани за овогодинешното издание на Каменичко културно лето 2024. Настанот традиционално се одржува на Градскиот плоштад, а домаќините КИЦ Романса и Општината Македонска Каменица и овој пат најавуваат разновидна музичка програма и музички имиња кои ќе ги задоволат и најпребирливите музички сладокусци.

Во рамки на првата фестивалска вечер на 26 август (понеделник), а во чест на најголемиот каменички празник Успение на Пресвета Богородица – Ден на рударите, Каменичко културно лето 2024 година ќе започне со програма која ќе ја одбележат настапите на повеќе културно-уметнички друштва од земјава и странство, и тоа КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и културно-уметнички друштва од Србија и Бугарија.

Веќе следниот ден на 27 август (вторник) публиката ќе ги види и чуе неверојатниот Наум Петрески, миленикот на младата генерација Огнен Здравковски и дамата која никого не остава рамнодушен и чија изведба на една од најубавите македонски песни „Заветна“ освои многу срца – Бојана Скендеровски.

Дел од втората вечер закажана на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица на 28 август (среда), пак, ќе бидат рок легендите Ареа, рнб двоецот ДНК и гостинката од Србија – Слаѓа Алегро.

Дојдете заеднички да го отвориме овогодинешното културно лето и заеднички да уживаме во прекрасните настапи на музички гости кои ветуваат одлична атмосфера и многу хитови“, се вели во поканата на домаќините.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.