Македфонската водителка, Елена Стојановска-Јанковска, го покажа своето тело во костим за капење и лице без шминка.

Шармантната водителка од телевизија Сител неодамна се врати од својот одмор од соништата на Сејшелите, кој нема никогаш да го заборави. Таа ги „наполни батериите“, а од овој рајски остров се збогуваше со една посебна фотографија.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Додека беше на одмор, Елена редовно се огласуваше на Инстаграм, а доста често, тоа беа фотографии на кои таа позира на плажа во костим за капење.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Елена воопшто не се срами да ја покаже својата витка линија, па нејзините фотографии, ретко кого оставаат рамнодушен. Веднаш почна да добива коментари на сметка на нејзиниот изглед и сите и порачаа дека изгледа феноменално.

„Рипка прекрасна“, „Убавина“, „Не сум видел поубава слика“, се само дел од коментарите што стојат под нејзините фотографии.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

 

 

И во фармерки подеднакво убава

Шармантната водителка пред камерите најчесто ја гледаме во елегантни комбинации, но таа подеднакво убаво изгледа и во своите секојдневни изданија, кога носи обични тесни фармерки и ролка.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Елена, која неодамна наполни 43 години, блеска што и да облече, а тоа дека и во фармерки може да изгледа занесно докажува со секоја фотографија објавена на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.