Текстописецот Љиљана Јевремовиќ ги раскажа и најмалите детали од врската со Драган Којиќ Кеба, со кој, како што тврди, ја има ќерката Ина.

Таа откри дека за една напишана реченица добивала 300 евра, а денес работи како продавачка во слаткарница за 300 динари на час.

Јевремовиќ во својата емотивна исповед се присети на познанството кое и го променило животот и агонијата низ која минувала поради судската битка со Којиќ која не сакала да го признаедетето, но и поради заканите ги доживеала од неговата сопруга Олга.

„Ми вели: „Сите ме сакаат мене, а ти не ме сакаш“. Тој ми вели дека никогаш повеќе нема да ми се јави, јас му велам „одлично“ и тој пак се јавува и вели „ова е последен пат да ти се јавам“, а јас му велам „супер“ и прекинувам.

Во таа комедија се претвора во наклонетост кон него, ми се допадна. Пред тоа имав период од шест месеци кога бев во лоша здравствена состојба и не ми беше ништо да правам, а тој се грижеше за мене. Тогаш помислив, овој човек навистина ме сака и тоа ми се допадна.Никогаш ниту еднаш не му реков дека го сакам или дека сум заљубена во него, го оставив да ужива во моето друштво и додека не се случи разводот што го вети, ја задржав ладнокрвноста“, објаснува Љиљана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.