Фотографијата на Дино Meрлин со натпис „Непожелен“ и неговите изјави кои наводно шират говор на омраза кон Србите се преплавени низ Белград и на социјалните мрежи откако тој закажа четири концерти во Белград на кои ќе заработи два милиони евра.

Босанскиот музичар  ги коментираше приказните дека за Србите рекол дека се „болни, дека на неговите концерти не можат да влезат само животни и Срби“, но објаснува и дали ги мрази Србите.

Никогаш не реков дека мразам никого. Тој глагол не постои за мене. Тоа е озлогласена лага. Толку многу од тоа што се пишуваше за мене сите овие години е целосно измислено. Видете, постои една изрека која вели: „Нема пат што води до никаде“. Мојот пат води од Сараево. Сараево, не така одамна, беше под долга опсада од 1.395 дена. Едно утро се разбудив неиспровоциран под гранати, снајперисти, немаше струја, немаше вода… Беше страшно“, изјави Дино .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.