Мила Србиновска од клубот „Брејк а лег“ ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржува во „Борис Трајковски“ во Скопје. Таа настапи во конкуренција на 174 натпреварувачи.
„Србиновска го освои жирито со техничката прецизност и оваа победа е доказ за нејзините упорност и работа и ќе претставува инспирација за сите млади танчари во Македонија“, велат организаторите.
Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, на кој учествуваат клубовите „Брејк а лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит да бит“ и „Уан веј“.
Светското првенство се отвори на 12 октомври со парадата на над 1.700 натпреварувачи, а ќе трае до 17 октомври. Учествуваат преку 5.000 танчари од 35 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.