Засега е познато само дека комеморацијата за уметникот кој остави длабок и незаборавен белег ќе се одржи во петок, на 30 декември во 11 часот во Хрватскиот народен театар во Загреб.

Масимо, според неговата последна желба, ќе биде погребан во Задар, но датумот се уште не е познат.

– Желбата на Масимо беше да биде кремиран. Кога неговата сопруга Ени ќе ги има точните информации, ќе не извести и подоцна ќе дознаеме сѐ за погребот. Комеморацијата во ХНК е договорена и сега се договараат сите детали. Таму дефинитивно ќе бидат неговите најблиски, бендот и пријателите. Меѓу многуте музичари, сигурно ќе бидат Иво Попескиќ и Пеги Мартињак. Ќе настапат само инструменталистите бидејќи сè е наменето да биде инструментално, со оглед на тоа што Масимо беше „гласот“, така што нема да користиме друг глас – изјави Лана Чулиг од Aquarius records, издавачката куќа на Масимо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.